СТРАШНИ СЦЕНИ ОД ТУРЦИЈА: Расте бројот на загинати, туристите бегаат со чамци (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Осум лица загинаа во големите пожари што ја зафатија Турција, а најмалку 27 лица беа хоспитализирани поради нивните повреди.

Пожарникарите се борат со уште седум пожари.

Повеќе од 120 пожари се ставени под контрола.

Според светските медиуми, пожарникарите се борат петти ден да ја запрат огнената стихија која продолжува да им се заканува на летувалиштата.

За време на викендот, туристите, персоналот на хотелите и локалното население мораа да бидат евакуирани по морски пат од популарните дестинации Бодрум и Мармарис, со помош на сопственици на приватни бродови.

Истражителите се обидуваат да утврдат дали некој од пожарите бил подметнат.

Туристите се евакуираат со чамци и бродови.

Слични содржини