230
Како последица на невремето Киаран, кое во текот на ноќта пристигна во Италија, загинаа три лица, а едно лице се води како исчезнато, јавува „Анса“.
Од невремето, кое вчера веќе предизвика пет смртни случаи во Европа, три лица загинаа во италијанската област Тоскана, а едно лице се води како исчезнато во Венето, додека метеоролозите најавуваат дека Киаран, придружен со дожд и силен ветер, ќе остане над Италија се до недела.
85-годишен маж синоќа бил пронајден мртов во приземјето од неговата куќа во Монтемурле, во близина на Прато, во целосно поплавена просторија.