Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани на седница на Влада

од Nikola Popovski
532 прегледи

Владата на Република Северна Македонија, денеска со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 109-та седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на дневен ред се повеќе предлози за изменување и дополнување на закони, предложени од Министерството за внатрешни работи, а се однесуваат на Законите за лично име, за лична карта, за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија за пријавување на живеалиште и престојувалиште на граѓаните и други.

На денешната седница, меѓудругото пред министрите ќе се најде и Информацијата за усвојување на Стратегијата за градење отпорност и справување со хибридни закани, со Предлог на стратегија за градење на отпорност и справување со хибридни закани и Акциски план за имплементација на Стратегијата за градење национална отпорност и справување со хибридни закани, изготвена од Министерството за одбрана.

Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.

Слични содржини