Страв во Полска: Влегувањето на руски “нуклеарно-ракетни” бродови во Балтикот е неодговорно

од desk3
131 прегледи
Министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски го нарече неодговорен чекор влезот на руски воени бродови во Балтикот. Изјавата уследи пред Полското радио и цитирано од ТАСС.
a2d4d8d064feea1f5f5f9bf35cd4f595

“Распоредувањето на два руски бродови, способни да носат нуклеарно оружје, во Балтикот – тоа се агресивни и неодговорни активности несоодветна реакција на одлуките донесени од НАТО на самитот во јули во Варшава”, рече полскиот државник.

Според Вашчиковски “тоа се прилично провокативни дејства”, бидејќи Алијансата одамна не епрезема слични чекори кон Русија. Варшавското одлука на Алијансата “да ја зајакне безбедноста преку распоредување на четири баталјони е само симбол на поддршка за земјите од источното крило, а не воени чекори на ниво за да ја натера Русија да размислува за некаква закана од наша страна”, додаде министерот.

Полскиот министер за одбрана Антони Мачеревич го нарече порано “предизвикување загриженост” на влегувањето во Балтичкото Море на два мали ракетни бродови од Црноморската флота на Русија, што според него ја “менува поставеноста на силите” во регионот.

Станува збор за два брода од типот “Бујан-М”, опремени со ракети “калибар”, објави во средата  “Известија”. Според изданието тие ќе влезат во составот на балтичката група базирана во Калининград; кон неа ќе спаѓа и ракетна бригада за крајбрежна стража, вооружена со ракетни комплекси “Бастион” и “Балта”. Руски експерти велат дека распоредувањето на овие системи на оружје ќе им овозможи да се засили заштитата на Калининград и тоа ќе е “достоен одговор” на порастот на военото присуство на НАТО во балтичките републики.