Строг „локдаун“: 80 милиони луѓе ќе останат дома за Божиќ

од Nikola Popovski
325 прегледи

Огромното мнозинство на американската држава Калифорнија влегува во нова строга блокада. На околу 85% од оваа федерална држава, на луѓето им е кажано да останат дома во следните три недели, што значи дека оваа наредба ќе важи и за Божиќните празници.

На многу компании им е забрането да работат, а на луѓето исто така им е забрането да се среќаваат со некого надвор од своето семејство, пренесува Би-Би-Си.

Последните недели има нагло зголемување на бројот на нови случаи, но и се поголем број смртни случаи. Порастот се должи на неодамнешниот Ден на благодарноста, што доведе до тоа милиони Американци да патуваат за да го поминат со своите семејства.

Воведени се нови строги мерки за затворање во Калифорнија поради сè помалку места во единиците за интензивна нега, но и во болниците. Ограничувањата стапија на сила на полноќ, недела кон понеделник.

Што носат новите ограничувања?

Гувернерот Гавин Њусом однапред објави дека блокадата ќе биде воведена во рок од 24 часа откако капацитетот на единиците за интензивна нега, во кој било од петте региони во Калифорнија ќе падне под 15%.

Новиот локдан ќе биде многу сличен на пролетниот, кој беше воведена во март, но со неколку важни разлики:

-Сите продавници за малопродажба ќе можат да останат отворени, но со само 20% од капацитетот, исто како и сите паркови и плажи.

-Јавните собири се забранети и од луѓето се бара да останат дома и да го сведат на минимум контактот со други лица, надвор од нивното семејство.

-Кафулињата, фризерите салони и рестораните без тераси се затворени.

Карантинот ќе трае најмалку три недели или додека капацитетот на единицата за интензивна нега не се врати над 15%.

Слични содржини