Стручните лица предупредуваат: Фејсбук не е за мали деца

од desk2
70 прегледи

Со отворено писмо до директорот на Фејсбук Марк Цукерберг групи стручни лица порачуваат дека создавањето апликации за деца помлади од 13 години е неодговорно, оти ги поттикнува помасовно да ја користат оваа социјална мрежа.

Стручните лица сметаат дека децата не се подготвени и не треба да имаат профили на социјалните мрежи.

Како што јави Би-Би-Си, тие првенствено приговараат на поедноставената верзија „Фејсбук за деца“, со ограничени содржини.

Во писмото натаму се наведува дека децата не се доволно зрели да ја сфатат комплицираноста на интернет врските со светот, што често доведува до конфликт дури и меѓу повозрасните корисници.