Актуелно
Почетна / Локално / Стручните служби на сите средни училишта дебатираа на теми поврзани со насилството

Стручните служби на сите средни училишта дебатираа на теми поврзани со насилството

Во салата на Советот на Град Скопје вчера се одржи средба на стручните служби на сите средни училишта и Секторот за образование на Град Скопје. На оваа средба стручните соработници дебатираа на теми поврзани со насилството генерално, за булингот во училиштата, за дигиталната писменост и безбедното користење на интернетот – теми кои во изминатиот период се актуелизираа по повод негативните појави на сајбер насилството во училиштата.

Исто така, на средбата беа презентирани и резултати од меѓународната студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата од училишна возраст (11-15 година) од 2018 година за Република Северна Македонија“ и со посебно внимание беа разгледани податоците поврзани со менталното и емоционалното здравје, сексуалното однесување на младите и други слични прашања, кои за жал, не се дел од редовните наставни содржини, а се значајни и релевантни за севкупниот психосоцијален развој на средношколците.

Заедно со присутните гости, инспектори за превенција од СВР Скопје, се отворија за дискусија и прашањата за сајбер- насилството и како до поефикасна превенција од истото. Направена е проценка на состојбите во училиштата и проекција на активности кои секое училиште ќе ги преземе за поефикасно справување со овој проблем. Впечатокот речиси на сите присутни беше дека за успешно справување со проблемите за небезбедност на интернетот континуирано треба да се работи на подигање на нивото на дигиталната писменост на сите субјекти вклучени во воспитно-образовниот процес.

loading...