СЦЕНА ШТО ГО ШОКИРА СВЕТОТ: Откриено е што ќе се случи со полицаецот кој уби жена на Капитол Хил (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Полицискиот службеник кој уби жена за време на упадот на демонстрантите во холот на американскиот Капитол Хил е суспендиран од должност додека трае истрагата.

Полициски службеник кој пукал и уби една жена во Конгресот бил испратен на одмор, а неговите полициски овластувања биле суспендирани додека не се спроведе истрагата, стои во изјавата на началникот на полицијата на Капитол, Стивен Санд.

– Додека демонстрантите напредуваа кон салата на Сенатот, каде беа сенаторите, полицаецот застрела возрасно женско лице. Веднаш била укажана лекарска помош, а жената била пренесена во болница, каде подоцна им подлегнала на повредите – изјавил началникот на полицијата.

Началникот на полицијата го потврди името на починатата како Ешли Бабит. Сенд соопштил дека полицијата во Капитол спроведува „темелна реконструкција“ на нападот врз зградата на Капитол хил од страна на група демонстранти, вклучувајќи безбедносно планирање, политики и процедури.

Драматичната и вознемирувачка снимка од досега невиден агол, покажува како толпата се обидува да се пробие низ забарикадирана врата, додека од другата страна чекаат неколкумина вооружени обезбедувачи на Конгресот.

„Фокс њуз“ прв го објави идентитетот на жената преку изјави на нејзини пријатели, а според информациите, Бабит, коај живеел во Сан Диего, Калифорнија, служела 14 години во американското воено воздухопловство и бил упорен поддржувач на политиките на претседателот Доналд Трамп.

Слични содржини