Сцени како од војна во Чикаго: Масовни грабежи, судири со полицијата, воведен полициски час (видео)

од Nikola Popovski
188 прегледи

Американскиот град Чикаго изгледа како воена зона по немирите што започнаа. Големи групи на разбојници упаѓаат во трговски центри и продавници, а на улиците се случуваат судири и тепачки со полицијата. Локалните власти најавуваат дека ќе воведат полициски час.

Немирите започнале по пукањето во кое учествувала полицијата, а еден млад човек е ранет, јавуваат американските медиуми.

Полицијата објавила дека 20-годишниот кој пукал во полициските службеници најпрво бил ранет. Сепак, после тоа, се случил вистински хаос во градот, а најпогодена била преполната трговска зона позната како „Magnificent mail“.

Стотици луѓе дошле во центарот на градот каде што ограбувале продавници, додека полицијата се обидела да ги растера.

„Ова не беше организиран протест. Тоа беше повеќе од обичен криминален инцидент. Тоа беше чин на насилство врз полицијата и нашиот град “, рече началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун.

За да се спречи толпата да предизвика немири, властите во Чикаго ги подигнале мостовите што водат до центарот на градот и ги блокирале автопатите, со што ги затвориле линиите за јавен превоз што водат до центарот на градот.

Началникот на полицијата Дејвид Браун изјавил дека полицискиот час ќе биде воведен во одредени делови на градот од осум часот навечер до шест часот наутро.

Полицијата соопштила дека околу 100 лица биле уапсени, а 13 полицајци биле повредени за време на немирите. Десетици продавници биле ограбени, полицијата употребила солзавец, додека демонстрантите фрлале камења и шишиња кон нив, а меѓу двете страни имало и размена на оган.

Слични содржини