Студена војна? Не… НАТО само прати порака на Москва

од desk3
76 прегледи

 

Би-Би-Си – Лондон

Уверувањето на претседателот на Русија Владимир Путин дека неговата земја не планира да нападне други земји нема да го промени мислењето на луѓето на НАТО во Брисел, пишува дипломатскиот дописник на Би-Би-Си Џонатан Маркус.

Како што пренесе Б92, Маркус во текстот наведува дека лидерите на Алијансата во секој случај секогаш во прв план го ставаат припојувањето на Крим и руската помош на бунтовниците во источна Украина, со цел на тој начин да го оправдаат својот страв од руска агресија и со тоа да извршат дополнителен притисок на Москва.

download

Од друга страна, Путин на сето тоа одговори со зборовите дека улогата на Русија се преувеличува, со цел западните земји да можат да најдат оправдување за зголеменото трошење пари на вооружените сили и средствата кои тие ги користат.

„Постои големо ниво во преувеличувањето во некои западни медиуми. Транзитот на малата морнарска единица, на чело со осамениот, но и многу стар носач на авиони Адмирал Кузњецов преку Ламанш ги упати британските медиуми во спин. Се дојде до тоа да се констатира дека историјата се враќа во лошите години на Студената војна” – пишува Би-Би-Си.

Експертот за меѓународни односи Маркус констатира дека едноставно светот е многу далеку од состојбата на студена војна.

„Русија со својата слаба економија не личи на Советскиот сојуз, кој се обиде да воспостави поинаков светски поредок во однос на капиталистичкиот Запад. Русија на многу начини е слаба држава, нејзиното лидерство има чувство за соседството, што Западот го нема и тоа го наведува Путин на пристап со голема количина на самодоверба. Тоа ги прави НАТО сојузниците, како трите балтички држави, со Полска, многу загрижени. Загрижени се и Романија и Бугарија, бидејќи излегуваат на Црното море. Тоа е причина зошто НАТО се реши да овозможи видлива и симболична поддршка, т.е. јакнење на силите на своите југоисточни граници” – додава Маркус.

Според неговите зборови, НАТО мора да го затвори кругот, наспроти боцките на Путин, не постои голем ентузијазам за конвенционална трка во вооружувањето.

„Економиите на европските сојузници генерално не се во добра состојба. Европа е оптоварена со мигрантската криза и со драмата околу Брегзитот. Проблемите во Брисел беа знак НАТО да прати порака на Москва. Целта на тоа е да се покаже дека целиот товар не е на САД, туку дека и другите НАТО држави се вклучени” – истакнува Маркус.

Тој додава и дека НАТО презема мали воени чекори за да докаже на Москва дека наспроти проблемите во Европа може да донесе брзи одлуку и да ги распореди силите во согласност со тоа.

„Секако, политичкиот и воениот театар е во сржта на се. Дали руските тенкови се подготвени да појдат по западната рута, како што беа за време на Студената војна? Веројатно не, но Русија е подготвена да ја искористи својата сила во Европа и тоа е сигурно. Земјите како Грузија и Украина повеќе можат да се плашат од Москва отколку од Алијансата, но таа е разнишана, бидејќи не е сигурно колку се цврсти гаранциите дека сите земји членки навистина се сојузници и во добро и во зло. Оваа недела се работеше на консолидација и зацврстување на тие гаранции. Пораката до Москва е јасна” – заклучува Маркус.