Група студенти од Ниш, кои денови наназад ги блокираа факултетите, тргнаа на протестен марш кон Белград, како дел од акцијата наречена „Ниш си оди, Ниш доаѓа“. Тие ја започнаа својот шестдневен марш од Смедеревска Паланка, со цел на 15 март да пристигнат во главниот град на Србија, каде што ќе се одржи голем студентски протест.
Протестот е мотивиран од незадоволството на студентите од актуелната состојба во образовниот систем, неправедната распределба на буџетските средства и недостатокот од дијалог со надлежните институции.
Еден фотограф забележал емотивен момент во кој студент носи колешка на грб, симболизирајќи ја солидарноста во протестот.
Оваа акција е продолжение на повеќемесечните студентски протести, кои веќе мобилизираа илјадници млади низ Ниш, Крагуевац и Нови Сад. Белград е замислен како кулминација на нивната борба.
Во меѓувреме, во Белград продолжува блокадата на Радио-телевизија Србија (РТС).