Студенти го пречекаа Вучиќ во Париз со транспаренти: „Ти си ковидот на Србија“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Група српски студенти и докторанти, кои студираат во Париз, го пречекаа Претседателот на Србија, Александар Вушиќ, пред резиденцијата на српскиот амбасадор со транспаренти на кои пишуваше „Ти си ковидот на Србија“.

Вучиќ е во Париз, каде вечерва се сретна на работна вечера со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

„Претседателот Вучиќ пристигна во Елисејската палата, каде беше пречекан од претседателот на Франција, Емануел Макрон, заедно со Републичката гарда“, објавено е на сметката на Инстаграм „buducnostsrbijeav“.

Макрон и Вучиќ разговараат пред утрешниот видео самит меѓу Србија и Косово и продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ во недела.

Домаќини на утрешниот видео самит меѓу Србија и Косово се Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, и Вучиќ. Исто така, ќе учествува и косовскиот премиер Авдулах Хоти, европскиот министер за надворешни работи Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак.

Слични содржини