Стидентите за понеделник најавуваат мирен протест кој што од 16 часот ќе се одржува пред Собранието на Македонија.
Велат дека со децении наназад студентот од Македонија е жртва на лошите политики и институционалната пасивност како и дека крајно време е да се спротистават на уништувањето на студентскиот стандард.
Нивните барања се повлекување на предложените измени на Законот за студентски субвенциониран оброк и зголемување на оброкот од 120 на 150 денари. Бараат изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја, подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.
Протестот го закажаа откако неколкумина пратеници предложија измени во Законот за субвенциониран студентски оброк. Еден од потписниците на овој предлог, пратеничката Моника Зајкова денеска соопшти дека предлогот за овие измени се повлекува и ги повика студентите во понеделник во 16 часот да дојдат во Собранието и да се договорат за мерките.