Студија откри како да се забави прогресијата на ракот на дебелото црево – решението го имате во кујна

од Vladimir Zorba

Само неколку шолји кафе на ден можат да помогнат во забавување на прогресијата на ракот на дебелото црево, открива ново истражување.

Од скоро 1.200 пациенти вклучени во студијата, оние кои пиеле четири или повеќе шолји кафе дневно имале 36% поголеми шанси за преживување во текот на 13-годишниот период на истражување.

Метастатскиот карцином на дебело црево, кој се прошири од првичното место, „во повеќето случаи останува неизлечива болест“, објасни коавторот на студијата Кристофер Мекинтош, студент по медицина на четврта година на Медицинскиот факултет во Клиниката Мајо во Феникс.

„Сепак, голем број фактори на животниот стил, како што се диета и вежбање, се поврзани со продолжениот животен век на оние кои се борат со болеста“, забележа Мекинтош. „Нашето истражување откри дека пациентите третирани со хемотерапија за метастатски карцином на дебело црево кои пиеле кафе редовно преживувале подолг временски период пред напредување на ракот и настапување на смрт“.

Сите учесници биле дел од поголема студија за третман на рак спроведена помеѓу 2005 и 2018 година. За тоа време, бил забележан внес на храна и пијалоци.

Истражувачите на крајот откриле дека колку повеќе кафе се консумира, толку се поголеми шансите за преживување. На пример, Мекинтош забележал дека пациентите кои конзумирале до една шолја кафе на ден преживеале 30 месеци по дијагнозата. Оние кои, пак, пиеле две или три чаши на ден, преживувале 32 месеци. И оние кои конзумирале четири или повеќе чаши на ден преживеале до 39 месеци.

Слични содржини