Süddeutsche Zeitung: Австрија ја води Европа кон “опасно зближување” со Москва, мир ќе се постигне “само со Москва, а не против Москва”

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Во 2017 година претседателството на ОБСЕ преминува од Германија кон неутралната Австрија и нејзиниот министер за надворешни работи Себастијан Курц (30 г.) кој одговара на ангажманот со “демонстративен оптимизам”. Ова го пишува во Süddeutsche Zeitung новинарката Катерина Калвайт.
Австрија традиционално игра улога на посредник меѓу Истокот и Западот. Според младиот министер, мирот може да се постигне “само со Москва, а не против Москва”.

“Колку и цинично да звучи, војната на исток во Украина е шанса за опстанок на ОБСЕ” – забележува авторот на материјалот. Сега ОБСЕ е единствената организација која Москва ја пушта до зоната на конфликтот во Донбас.

Според Курц, треба да се надмине “блоковското размислување” и постепено да бидат симнатии санкциите против Москва.

Сега и австриската влада, и “деснопопулистката опозиција” се искажуваат за добри односи со Русија. Слободната партија на Австрија склучи договор со “Единствена Русија”, а официјална Виена се консултира со влегувањето во Вишеградската група.