Судењето за модуларната болница се одложи, двајца од обвинетите не се појавија во судница

од Берта Китинска
184 прегледи

Поради отсуство на дел од обвинетите се одложи судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово и се презакажа за 14 октомври во 10 часот.

На 8 септември, минатата година во болницата во која се лекуваа пациенти заразени со Ковид-19 животот го загубија 14 лица.

Двајцата првообвинети, поранешни директори на Клиничка болница Тетово, Флорим Бесими и Артан Етеми се товарат дека сториле тешки дела против општата сигурност, а третиот, докторот Б. В е обвинет за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија. Додека обвинетото правно лице Клиничката болница Тетово сторило две кривични дела предизвикување општа опасност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Слични содржини