Денеска во Кривичниот суд ќе започне судењето против членовите на „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски кои се обвинети за учество во толпа и се наоѓаат во куќен притвор.saveski_vo_lisici_zigosana_0

И за нив и за остантите осомниечни и обивнитети, обвинителство процени дека сториле материјална штета од 15.000 евра, на што реагираше судијката во првиот предмет кој стаса во судот и побара солидарна распределба.

Според полицискиот извештај и поднесената кривична пријава, било утврдено дека Савески го извршил кривичното дело на тој начин што влегол во демолираната канцеларија заедно со дел од толпата, запалил фотографија од претседателот Ѓорге Иванов и фрлил предмет кон Народната канцеларија, додека Куновски го извршил кривичното дело на тој начин што, додека се наоѓал во внатрешниот дел од Народната канцеларија на Претседателот на РМ, преку искршениот прозорец исфрлил неколку канцелариски столчиња на тротоарот.

Сепак неизвесно е дали ќе започне судењето за тројцата демонстранти кои се наоѓаат во куќен притвор бидејќи Обвинителството ја има утврдено само вкупната штета предизвиканата со демолирањето на Народната канцеларија, а ја нема прецизирано штетата за секој обвинет поединечно, иако се водат 3 процеси поврзани со истото дело: еден против Савески и Куновски, еден против студентот и процесот пртов Никола Аризанов и Филип Наковски . Основното јавно обвинителство Скопје и Државното правобранителство на Република Македонија, како застапник кој ги штити имотноправните интереси на државата и на државните органи, пријавија штета од 880 илјади денари или приближно 15 илјади евра поради демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија на протестите од 13 април.

Судењето против 30-годишните Никола Аризановски и Филип Накевски треба да продолжи во четврток, кога треба да заврши и вештачењето на штетата.

Слични содржини