Федерален судија во Флорида денеска им нареди на Доналд Трамп и еден од неговите адвокати да платат речиси еден милион долари казни за поднесување „несериозни тужби“ против наводните политички непријатели на поранешниот американски претседател, вклучувајќи ги Хилари Клинтон и поранешниот директор на ФБИ – Џејмс Б.Коми.
Судијата Доналд Мидлбрукс изјави дека тужбата против Хилари Клинтон, која беше противкандидатка на Трамп на претседателските избори во 2016 година, како и десетици наводни политички непријатели на поранешниот претседател, е „поднесена од лоша намера и со несоодветна цел“, пишува Њујорк Тајмс.
„Овој случај никогаш не требаше да биде покренат“, напиша судијата Мидлбрукс во пресудата на 46 страници, додавајќи дека тужбата е политички мотивирана и дека ниту една од точките нема добра правна основа.