Судија ја укина забраната за влез на муслимани во САД – еве како реагираше Трамп

од desk2
68 прегледи

Министерството за внатрешна безбедност на САД веќе им овозможува на жители на Иран, Ирак, Либија, Сомалија, Судан, Сирија и Јемен да влезат во земјата, откако федерален судија го запре дејството на претседателскиот декрет за забрана за влегувањето на муслимани во САД, пренесува “Ројтерс” .


Очекувано, одлуката на сителскиот судија Џејмс Робарт предизвика гнев кај претседателот Доналд Трамп. На Твитер тој го опиша како “т.н. судија”, кој зел “смешно решение” што “ја тргна примената на законот од САД”. Претседателот најави дека ќе поведе постапка за поништување на одлуката.

“Кога една држава веќе не може да каже кој може, а кој не може да влегува и излегува, особено во врска со безбедноста – голема неволја!”, Напиша милијардерот на социјалната мрежа.

Околу 60.000 американски визи се откажани по декретот на Трамп, велат податоците на американскиот Стејт департмент.

Забраната за патување, која според Трамп е потребна за да ги заштити САД од исламистичките бунтовници, предизвика остри критики од правобранителски организации.

Според новиот американски претседател, сепак, забраната ја ограничува можноста за извршување на терористички напади од исламисти во земјата. Заедно со тоа тој смета дека се потребни “екстремни безбедносни проверки”.