Поради апсолутна застареност на случајот, Кривичниот суд денеска донесе решение за запирање на постапката против пребеганиот поранешен премиер, Никола Груевски за „Траекторија“ за кинеските автопати.
Ваквата одлука следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше.
Инаку, денешното рочиште не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда, додека пак обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.
Груевски во Траекторија беше обвинет дека примал награда за пртотив-законско влијание. Судењето продолжува за поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Георгиевски кои одговараат за злоупотреба на службената положба.
Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата.