Судот му дал дозвола на Рашковски кога точно да оди на лекар, вели премиерот

од Nikola Popovski
347 прегледи

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски имал дозвола од суд кога да оди точно на лекар.

-Правосудните ограни и МВР соопштиле дека тој има дозвола од суд во точен период кога да оди на лекар и тоа го прочитав во медиумите. Ниту знам јас зошто е виден да се движи слободно, но знам дека има решение од здравствени потреби, точно колку пати во неделата и во кој ден, одговори Заев.

Дел од медиумите вчера објавија фотографија на која се гледа Рашковски како се движи по улица во Општина Аеродром.

Рашковски се наоѓа во куќен притвор како осомничен во истрага за набавка на софтвер во периодот додека беше генерален секретар.

Слични содржини