Судот објавува редактирани судски документи за Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Американски судија им нареди на истражителите да објават редактирана верзија на судските записи кои го убедиле да побара истрага за имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп. Објавувањето на исказот, кој ги вклучува доказите на обвинителството, може да открие нови детали за истрагата против Трамп. Од друга страна, министерството за правда се спротивстави на објавувањето на нецензурираната верзија во услови на тековната истрага.

ФБИ неодамна изврши претрес во вилата на Трамп обидувајќи се да утврди дали Трамп извршил кривично дело кога со себе земал документи од Белата куќа наместо истите да бидат испратени во Националниот архив. Трамп ги негира обвинувањата.

Судијата Брус Рајнхарт рече дека обвинителите покажале убедлива причина да ги „затемнат“ деловите од документот што ќе ги откријат идентитетите на сведоците, полициските агенти и другите страни, како и „истражната стратегија, насока, опсег, извори и методи“, пренесува Би-Би-Си.

Одлуката на судијата дојде набргу откако министерството за правда потврди дека до судијата доставило копија од досието со предложените редактирани делови.

Дури и во редактирана форма, досието може да покаже зошто Трамп наводно земал доверливи документи во последните денови на функцијата и што правел со нив во неговиот дом во Палм Бич.

Други информации ќе бидат соопштени кога или доколку биде поднесена кривична пријава.

Трамп и неговите адвокати, кои го окарактеризираа претресот на неговиот имот во Мар-а-Лаго како политички мотивиран и незаконски, побараа да се објават нередактираните записи. Портпаролот на Трамп, Тејлор Будович, рече, како што пренесе „Танјуг“, дека напорите да се „сокрие“ нивната содржина се „цинични“ и може да се искористат за „прикривање на владината корупција“.

Слични содржини