Судот денеска ја прифати предлогот на Обвинителството и одреди притвор за 13 од вкупно 19 лица опфатени со истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 луѓе, а околу 190 беа повредени.
Меѓу лицата на кои им е одреден притвор е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За останатите шестмина, судот ќе донесе одлука во текот на денот.
Основното јавно обвинителство Кочани во текот на ноќта донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27 физички и три правни лица во врска со катастрофалниот пожар, соопштија од ОЈО.
Според првичните информации, дел од осомничените се товарат за кривични дела поврзани со безбедноста на објектот, непочитување на противпожарните стандарди и дозволување на работа на дискотеката без потребните лиценци.
Истражните органи продолжуваат со прибирање докази, а обвинителството најави дека во текот на наредните денови ќе бидат сослушани уште сведоци и други инволвирани лица.