Судот определи куќен притвор за Драги Рашковски

од Viktor Jovanov

Кривичниот суд во Скопје му определни куќен притвор на екс генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кој е осомничен за случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

Заедно со Рашковски куќен притвор доби и Даниел Станчески, сопственикот и управител на фирмата „Инвока гроуп“ којашто го доби тендерот за софтверот. Според информациите, Судот својата одлука ја правда со тоа што Обвинителот не приложил докази за поткрепа на основите за сомнение поради кои се бара притвор. Јавното обвинителство побара затворски притвор за двајцата осомничени.

За останатите две лица за кои се бараа мерки за претпазливост дополнително ќе бидат повикани на распит во Кривичен суд по што ќе се одлучува.

Рашковски пред неколку дена си поднесе оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти.

Слични содржини