Судска битка на Роберт Де Ниро

од desk4

Роберт Де Ниро моментално минува низ макотрпен развод, но сè можеше да помине многу помирно ако неговата долгогодишна сопруга не решеше разводот да го направи јавен и да му ја отежне целата ситуација.Актерот во 1997 година се ожени со втората саопруга, поранешна стјуардеса Грејс Хајтауер.

Нивниот син Елиот роден е 1998 година, а двојката набрзо по неговото раѓање изјави дека се разведува, иако никогаш не беше финализиран разводот, па од 2004 година пак беа заедно до пред декември минатата година, кога поднесоа барање за развод, а при тоа Грејс вршела притисок над Роберт да објави јавно во медиумите.

Роберт кој по природа е многу затворен за приватноста, откако биле предадени докумените на суд, побарал сето тоа да биде држено што подалеку од очите на јваноста.

– Тоа можеше да се реши брзо и тивко, зад затворени врати, но Грејс е таа која сака да се влечка случајот по медиуми – изјави извор близок на актерот.

Од друга страна адвокатот ка Хајтауер, тврди дека Де Ниро е тој кој ја почнал постапката и затоа јавноста е заинтересирана. Актерот минатата недела кога се појави на сослушување во суд, цело време се криеше од камерите и се скара со еден фотограф кој упорно се обидуваше да го фотографира.

Двојката Де Ниро- Хајтауер има потпишан предбрачен договор, но адвокатот на Хајтауер не сака јавно да зборува за деталите. Освен за имотот на суд ќе се расправа и за старателството над нивните две деца – седумгодишната ќерка и 20годишниот син кој има аутизам.
– Тој само сака да ги гледа редовно деца, а таа е многу проблематична по тоа прашање. Парите му се најмалку важни бидејќи ги има многу – изјави адвокатот на Де Ниро.

Луѓето кои го познаваат карактерот на актерот тврдат дека со ова Грејс само си наштетува себеси, бидејќи ако се инаети и го влечка по медиуми, тој ќе биде присилен да ѝ даде помалку пари. Следното сослушување е закажано за четврток, кога ќе се дознаат повеќе детали.

Слични содржини