Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на двегодишното дете во Охрид

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство во врска со смртниот случај во Охрид на дете од година и единаесет месеци соопшти дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта.

Од МЗ вечерва потврдија дека детето денеска во 07.12 часот било донесено без знаци на живот во Охридската болница.

– На одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено кон реанимација, но истата е без успех. Причината за смрт ќе ја утврдува судска медицина, информираа од Министерството.

Слични содржини