Судската администрација од среда излегува на тридневен штрајк

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација, незадоволни од односот на Министерството за информатичко општество и администрација и запирањето на преговорите околу новите законски решенија, најавуваат тридневен штрајк кој ќе се одржи на 23, 24 и на 25 март.суд

Штрајкот ќе се оджи во сите судови во земјава, а на 25 март е закажан протест.

Судската администрација лани имаше предупредувачки штрајк со кој негодуваше на некои решенија од Законот за администрација и Законот за судска служба и ги оцени како можне неповолни за судската администрација.