239
Судскиот совет денеска одржа работен состанок во врска со случајот „Палермо“ и присуството на фудбалскиот натпревар на судијата Лазар Нанев.
„Тргнувајќи од основните заложби на Судскиот совет за враќање на довербата на граѓаните во судството, а во рамките на своите законските овластувања, советот го испитува случајот кој деновиве ја разбранува јавноста“, велат од Судскиот совет.
Во врска со евентуално прекршување на етичките норми, напоменуваат дека во Здружението на судии постои Совет за етика чие мислење ќе го имаат во предвид.
„Откако Судскиот совет ќе ги провери сите релевантни наводи за овој случај навремено ќе ја извести јавноста за понатамошните активности“, се додава во соопштението.