Судскиот совет избира претседател на Кривичниот суд

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница треба да избере претседател на Основен суд Скопје 1, на што ќе претходи усвојување на конечната ранг-листа за оваа функција.

Претходно, членовите на Судскиот совет ќе ја разгледаат оставката на в.д. претседателот на скопскиот Кривичен суд, Стојанче Рибарев, кој ја поднесе на 25 октомври од лични причини.

Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава.

На дневен ред на седницата е разгледувањето и оценувањето на извештаите за работата на судовите во Република Македонија за третото тромесечие за 2017 годин