Судскиот совет ќе расправа за барањето за разрешување на Адеми

од Nikola Popovski

Денеска седница на Судски совет на која ќе се расправа околу барањето за разрешување на претседателката на Врховен, Беса Адеми.

Ќе биде отворена за јавноста, а сите членови на Советот ќе може да се изјаснат за извештајот од Комисијата на известители.

Иницијативата за утврдување одговорност на Адеми, ја поткрена членот на советот Миљазим Мустафа, дел од медиумите објавуваат дека тој денеска ќе ја повлече оваа иницијатива. Според него со неприсуството на седниците на судскиот совет претседателката на Врховен, покажала професионална и правна некултура во постапувањето, и почитувањето на институциите.

За претседателката на Врховен, пак, исходот на постапката ќе ја одреди иднината на нашето судство. И правниците во исчекување на одлуката на советот.

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева пред два дена во изјави дека очекува на денешната седница, по однос на извештајот од Комисијата на известители, да биде донесена правилна одлука.

Слични содржини