Сугарески: Го изградивме стадионот во Прилеп, кој режимот го остави како руина

од Nikola Popovski

Сите како да сакаат и да заборават на новиот спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, до каде е направена и патната инфраструктура. Тоа е одлично место за рекреација како за младите, така и за возрасните, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугаревски на дебатата на ТВ24.

Според него, стадионот во градот е комплетно сработен, а претходно беше руина оставена од режимот.

-Со поагресивна кампања ќе ја постигнеме целта. Во делот на подигањето на сметот и депонијата ќе се заложам, а исто така и за зголемување на зеленилото и површината на парковите, како што сега се прави во населбата Точила, истакна Сугарески.

Според него треба да се постави жичана ограда кај депонијата, која, како што вели Сугарески, противниците од ВМРО-ДПМНЕ континуирано ја искористувале во кампањата, но не решиле ништо.

Тој дополни дека во моментов се води постапка и за преземањето на Универзалната сала од страна на општината, што укажува на фактот дека се вложува во спортот и младината.

Слични содржини