Сугарески: Скандалозни се лажните вести со кои секојдневно се бомбардира македонскиот народ

од Vladimir Zorba

Скандалозни се лажните вести со кои секојдневно се бомбардира македонскиот народ без разлика дали тие се пласирани од внатре или однадвор,пишува на својот Фејсбук профил директорот на Царинската управа, Горан Сугарески.

„Само вчера еклатантни се примерите за лагите и манипулациите за наводната неусогласеност на македонското законодавство со ЕУ, или дека нашиот медицински тим е туку така вратен од Норвешка. И во двата случаи имаше бескомпромисни и остри деманти од надлежните. Во првиот реагираше вицепремиерот Димитров, во вториот случај демант стигна директно од Норвешките власти и нашето Министерство за одбрана.

За жал лажните вести не престануваат и народот мора да биде свесен за манипулациите и дезинформациската војна со која се соочуваме. Граѓаните мора да бидат правилно и целосно информирани, но и да почнат да препознаваат лажни вести од веродостојни информации. Ова мора да престане“, посочува тој.

Слични содржини