Сугарески: Три години како ги имаме најголемите инвестиции во изградба на патишта, канализации, водоводи, гасоводна мрежа

од Nikola Popovski

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески на својот Фејсбук профил објави за дел од програмите и проекти што ги изработил откако стапил на функцијата министер и го презел Министерството за транспорт и врски.

„Денес изминуваат 3 години откако ја добив одговорноста и честа да му служам на народот како министер за транспорт и врски. Време на сериозни предизвици.

Што го одбележува овој период во ресорот?

СДСМ ги остварува заложбите дадени пред граѓаните! Посветеноста да ја направиме татковината подобро место за живеење, да ги решаваме најгорливите прашања, да креираме политики за подобри услови за живот, да станеме полноправен член на европското семејство, не престанува!

Секој нов ден е нова можност за да им се помогне на граѓаните, да се направи нов проект, да се одговори на секое едно барање.

Нема големи и мали, важни и неважни, сите сме еднакви и сите одговараме за делата.

А делата се памтат. Станавме полноправна членка на НАТО Алијансата. Ја рестартираме економијата, водиме праведни социјални политики, инвестираме во јавното здравство, земјоделците се наши партнери.“, истакнува Сугарески.

Тој потенцира дека Министерството за транспорт и врски станало мотор на капиталните инвестиции и додава дека никој не може да ги избрише до сега најголемите инвестиции во изградба на патишта, канализации, водоводи, гасоводна мрежа и други капитални инфраструктурни објекти што живот значат!

Министерот нагласува дека заедно со својот тим со секој еден проект, со секој чекор и со секоја активност посветено ги реализираат ветувањата дадени пред граѓаните!

„Свесен сум дека светската пандемија со “Ковид-19”, која не не одмина ниту нас, направи времено да се откажеме од одредени животни навики. Се живее во стрес и неизвесност. Живееме во “нова нормалност” заедно со невидлив и опасен непријател. Апелирам сите заедно да се чуваме и да ги почитуваме превентивните мерки.

Бидете уверени дека заедно ќе победиме! СДСМ и понатаму ќе остане фокусиран на потребите на граѓаните. Да ги задржиме младите, да отвориме повеќе нови работни места, да ги почитуваме здравствените работници, земјоделците, работниците, да ставаме нови тули во просперитетна и Европска Македонија“, напиша Сугарески на Фејсбук.

Слични содржини