Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Сугарески: Вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност

Сугарески: Вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност

„Некој си игра со здравјето преку лажни вести. Ем шират паника во Прилеп ем си тераат партиски пресметки, додека сите државни и општествени капацитети се впрегнати во справување со пандемијата од „Ковид 19”, пишува министерот Горан Сугарески на својот Фејсбук профил.

„Мене може да ме критикувате колку сакате, јас сум јавен службеник платен со народни пари и обврска ми е да трпам неосновани критики и да се бранам колку знам и умеам, но не го чепкајте моето семејство, кое не е ни криво ни должно за мојата политичка активност. Тешка лага е дека Центарот за јавно здравје во Прилеп предупредил присутни на некаква забава во „Порта” дека се потенцијално заразени од вирусот и треба да се самоизолираат. Ако не дај боже тоа беше вистина, менаџментот на Порта самиот прв ќе објавеше дека постои ризик за здравјето на посетителите, како општествено одговорни чинители и вредни угостители со образ и чест. Оваа пандемија еднаш ќе заврши, како и нашите политички кариери, ќе дојде време да се погледнеме во очи. Злобата никому не носи добро. Грев е кога луѓето преплашени за здравјето a некој да се служи со подмолни трикови смислени во партиски кујни! Баталете политика, вирусот не разликува ни етникум, ни вера, ни партиска припадност! Кругот е мал, а во него сме сите!“, додава тој.

loading...