Пред извесен период владејачката партија порача дека во изминатите две години, колку што СДСМ ја предводи Владата, издвоени се 12 милиони евра за финансирање на локални проекти за развој на локалната инфраструктура, за разлика од, како што велат тие, игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кој за цели 11 години издвои само 17 милиони евра за регионален развој.

Во 2019 година преку програмата за рамномерен регионален развој Министерството за локална самоуправа финсира 117 проекти за изградба на локална инфраструктура, како што се локални патишта, пешачки и велосипетски патеки, улично осветлување, уредување на јавни површини, водоводи и канализации, реконструкција на градски пазари, обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти, инфраструктура за алтернативен туризам и останата инфраструктура од корист на граѓаните.