Специјалитет без конкуренција! Турското јадење султански кебап се служи кога сакате да импресионирате некого со вашите кулинарски вештини.

Потребни состојки:
250 грама телешко од бут исечено на парчиња
4 подебели кори за пита или тортилја
100 грама грашок
1 компир исечен на коцки
1 морков исечен на коцки
1 главица кромид исечкана на коцки
3 чешниња изгмечен лук
1 лажичка доматно пире
половина чаша вода
1 лажица путер
сол
бибер
За сосот бешамел:
1 чаша млеко
1 лажица брашно
1 лажица путер
сол
бибер
100 грама рендан кашкавал
Приготвување:
Сварете го месото, а посебно загрејте го путерот, додајте кромид и кратко пропржете. Потоа, ставете го и свареното месо и пржете додека не зарумени. Додајте го лукот, морковот, компирот и грашокот и продолжете со пржење. Пред крајот, додајте го доматното пире разматено во малку вода. Посолете, ставете бибер и динстајте додека не омекне зеленчукот.
Во меѓувреме направете го сосот бешамел. Загрејте путер и во него пропржете брашно, но внимавајте да не пожолти. Потоа, прелијте го со млеко и загревајте додека не се згусне со постојано мешање. На крајот, зачинете го бешамелот по желба.
Земете една кора или тортилја и ставете го филот од месо и зеленчук, па затворете ги краевите или свиткајте ја. Внимателно пренесете ја кората на подмачкан плех. Направете четири вакви ролати, секој од нив премачкајте го со бешамел и наросете го со рендан кашкавал.
Печете го султанскиот кебап 20-25 минути во рерна загреана на 200 степени.