Сума од која боли глава: САД и Катар договорија бизниси вредни 243 милијарди долари

од Љубиша Владимиров
49 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, во среда потпишаа серија договори кои, според Белата куќа, ќе генерираат економска размена вредна најмалку 1,2 трилиони долари. Според официјален документ објавен од Белата куќа, за време на посетата на претседателот Трамп на Катар биле потпишани економски договори во вкупна вредност од над 243 милијарди долари.

Најголемиот поединечен договор е вреден 96 милијарди долари и се однесува на купување на 210 авиони од американскиот производител „Боинг“ од страна на катарската авиокомпанија „Катар ервејс“. Вашингтон соопшти дека овој договор ќе поддржи еден милион работни места во САД.

Дополнително, постои и изјава за намери која може да резултира со инвестиција од 38 милијарди долари во воздухопловната база Ал Удеид во Катар, како и во други проекти за воздушна одбрана и поморска безбедност.

Белата куќа исто така нагласи дека ќе се забрзаат и инвестициите на Катар во американската одбранбена индустрија. Тоа вклучува набавка на беспилотни летала од „Џенерал Атомикс“ и противдронски системи од „Рејтеон“.

Овие договори се сметаат за значаен чекор во зајакнувањето на економската и безбедносната соработка меѓу двете земји.

Слични содржини