За заболените од коронавирусот во земјава брзо ќе почне да се применува лекарска терапија од кинин и сумамед.
Според информациите од Министерството за здравство, сумамед има, сега се набавува кинин, и обезбедени се количини за околу 10 илјади пациенти.
Инаку, сумамед може да се купува само со лекарски рецепт и ќе биде на товар на Фондот за здравство.
Сумамедот е антибиотик за кој во некои првични студии се посочува дека во комбинација со лек против маларија дејствува кај дел од пациентите заразени со новиот коронавирус.