219
Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека е шокиран и тажен поради веста дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак.
Сунак рече дека е среќен што „болеста е рано фатена“ и дека се надева дека монархот брзо ќе закрепне.
Додаде дека е во „редовен контакт“ со кралот и дека планот е да се продолжи како ситуацијата да е нормална.
„Нашите мисли се со него и неговото семејство. Јас сум во редовен контакт со него, како и секогаш“, истакна Сунак.
Да потсетиме, Бакингемската палата вчера попладне објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Засега не е откриено за каков вид на рак се работи, но потврдено е дека ракот бил дијагностициран додека кралот се лекувал од проблеми со простатата.