СУПЕРБОУЛ: Том Брејди и Тампа Беј влегоа во историјата

од Nikola Popovski

Тампа Беј е новиот шампион во НФЛ. Во 55-тиот Супербоул, Баканирси го совладаа бранителот на трофејот Канзас Сити Чифс со резултат 31:9 (7: 3, 14: 3, 10: 3, 0: 0).

Херој на триумфот на Тампа Беј беше Том Брејди, кој стана првиот играч со седум титули во НФЛ, а Баканирси стана шампион по скоро две децении.

Тампа Беј одигра перфектна одбрана на Суперболот и го запре најдобриот играч на Чифс, Патрик Махомс, кој го одигра натпреварот без тачдаун.

Во победничкиот тим, Брејди префрли вкупно 201 јард со 21 завршено додавање. Тој фрли три тачдауни, а еден го истрча Фурнет, кој собра вкупно 135 јарди. Гронковски имаше 67 со два тачдауна.

Во тимот на Канзас, Махомс префрли 270 јарди, но со 26 успешни додавања од дури 49 обиди, без тачдаун за првпат во кариерата и со две пресретнати додавања, со уште три изгубени топки во дауновите.

Слични содржини