Суперкомпјутер предвиде кој тим ќе го освои трофејот во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Лигата на шампионите влегува во четвртфиналната фаза. Осум екипи остануваат во трката за најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал.

Суперкомпјутер утврди кој од Манчестер Сити, Арсенал, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен и Борусија Дортмунд има најголеми шанси да стане шампион на крајот од сезоната.

Прв фаворит е Манчестер Сити. По завршувањето на првиот дел од Лигата на шампионите и пред почетокот на елиминациската фаза од натпреварувањето, суперкомпјутер го симулираше исходот од натпреварувањето и тогаш предвиде дека победник ќе биде Арсенал. Суперкомпјутерот тогаш му даде на Арсенал 22 проценти шанса да ја освои титулата. Актуелниот шампион Манчестер Сити доби 20 проценти во оваа прогноза.

Сега ситуацијата е поинаква. Манчестер Сити го победи Копенхаген со вкупни 6-2 во двата осминафинални натпревари и сега е најголем фаворит за титулата. Суперкомпјутерот му дава 32,30 отсто шанси да ја одбрани титулата од минатата година.

Во меѓувреме, Арсенал падна на третото место (13,09%), а Реал Мадрид скокна од четврто на второ (16,87%).

Следуваат ПСЖ (11,80%), Баерн Минхен (10,75%), Борусија Дортмунд (5,62%), Барселона (5,38%) и Атлетико Мадрид (4,19%).

Слични содржини