Супермоделот Џиџи Адид, жестоко нападна еден човек кој ја грабна од позади и ја крена во водух, додека таа си заминуваше од модната ревија на “Max Mara”.
21- годишната манекенка се наоѓа во италијанскиот град Милано, заради претстојната модна недела.
Таа, како што се упати кон колата што ја чекаше, заедно со нејзината сестра Бела, беше изненадена кога еден човек ја зграпчи од позади, принудувајќи ја да се избори со него.
Веднаш по инцидентот, Џиџи се обрати преку твитер, обидувајќи се да ги оправда нејзините акции.
Таа напиша: “Јас сум ЧОВЕЧКО СУШТЕСТВО и имав СЕКАКВО ПРАВО да се одбранам себеси. Како можеше тој идиот да се осмели да постапи така со тотален странец. Сепак, тој трчаше брзо…”
Инцидентот се случи утрово, додека Џиџи и нејзината сестра, се движеа накај колата.
Човекот неочекувано ја фати од позади и ја подигна од земјата, а таа почна бесно да го турка со своите стиснати дланки во форма на тупаници, додека нејзината сестра му викаше да ја пушти.
На крајот тој ја спушти на земјата и почна да бега, а таа се стрча накај него дерејќи се на цел глас:”Кој си ти да те е**м, г***о едно.”
По интервенција на обезбедувањето, таа беше тргната на страна, делувајќи прилично потресено, со наочарите во рака кои што за малку ќе и паднеа на земја.
Како што влегуваа во колата, Џиџи го подбуцна човекот од обезбедувањето и го праша дали може да го најде човекот.
Сестрите имаа неколку бурни недели од како учествуваа на модните настани и ревии во Њујорк, Лондон и Милано, една по друга недела наназад.
Таа само што беше пристигнала во Милано во вторникот и го користеше тротоарот како нејзина модна писта додека се шеташе низ градот, во различни бројни облеки.
Изминатите неколку дена, Џиџи беше забележана со сестра и Бела, нивната блиска другарка Хејли Болдвин и манекенката на “Victoria’s Secret” Стела Максвел.