Супервештачењата за „Ласкарци” денеска во кривичниот суд во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
144 прегледи

Супервештачењата изготвени од два тима на машински и сообраќајни инженери ќе бидат на увид на денешното рочиште за случајот „Ласкарци” во Основниот кривичен суд во Скопје, откако на минатото рочиште пристигна вештиот наод од Бирото за вештачење, нарачан од Судот во декември 2021 година и истиот им беше доставен на обвинителот и обвинетите преку нивните бранители.

На минатото рочиште судот донесе решение, по дадена согласност на сите странки, поради економичност и целисходност на постапка, сите досега изведени докази да се прочитаат и постапката да продолжи денеска со увид во супервештачењата.

Супервештачењето што Судот го нарача во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола, своевремено, дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештаци за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила. Од Кривичен, потоа, информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Слични содржини