Сурова природа: Фотографии од местото кое го нарекуваат пекол на Земјата

од Elena Daskalova

Данакилската Пустина се простира на североисточниот дел на Етиопија, на југот на Еритреја и речиси на целата територија на Џибути.

Се наоѓа на најниската точка во Африка, а според многумина е и екстремно и сурово место. Се работи за атрактивна туристичка локација, но температурата таму е околу 60 степени, па многумина ја нарекуваат пекол на Земјата.

Ова е едно од најнеповолните места за живот на планетава, но според демографските податоци, во оваа пустина живеат 130.000 жители, најмногу номади сточари, земјоделци и физички работници.

Тие се занимаваат со копање и продажба на сол, по што е оваа пустина позната.

Слични содржини