Сушењето облека на радијатор или печка може да биде многу штетно за вас

од Elena Daskalova
343 прегледи

Во ладните месеци испраната облека потешко се суши во природни услови, па многумина мислат дека е добра идеја да ги сушиме редејќи ги на печката или радијаторите со кои се грееме.

Но, имајте предвид дека сушењето мокра облека врз загреана површина ја зголемува влагата во просторијата, а со тоа се создаваат услови за појава на влага и мувла, но и ширење на спорите низ целиот дом. Токму овие спори можат да предизвикаат напади на астма.

Ако вдишете од овие спори, последиците по вашето здравје се многу тешки, а постојат и случаи во кои пациентите починале.

Ако сепак немате други услови, сушете ја облеката во соба што помалку ја користите и секако, редовно проветрувајте и одржувајте ја хигиената. Проверувајте дали во аглите на собите или под прозорците се појавиле дамки во црна, жолта, модра или зелена боја, тоа се први знаци на мувла.

Можете да препознаете и по карактеристичниот мирис на влагата. За среќа, во продавниците постојат голем број средства за борба против оваа мувла. И повторно ќе кажеме, дури и кога ви е ладно, не оставајте непроветрено, бидејќи во просторот во кој живеете е задолжително да има циркулација на воздухот, за да се заштитите од бројни тешки заболувања.

Слични содржини