Британскиот премиум произведувач, Aston Martin, на големо работи на својот прв SUV модел, а според шпекулациите на медиумите тој ќе има сила од 700 коњски сили.

SUV моделот на Aston Martin ќе го носи називот Verkai, а ќе биде првиот потполно електричен автомобил на овој произведувач, иако во јавноста пред него ќе биде претставена лимузина со беџ на подбрендот Lagonda.
Verkai ќе биде базиран на концептот DBX, а силата ќе ја добива благодарение на хибриден бензински и електромотор.
Под хаубата би требало да биде би-турбо 4,0- литарски V8 мотор со 500 коњски сили, а електромоторот ќе придонесе за уште 200 коњски сили.
Покрај Verkai и Lagonda, Aston Martin планира електрификација и на моделот Rapid, кој ќе ја добие ознаката RapidE.
Овој супер-седан наместо стандардниот 6,0 литарски V12 мотор, ќе се движи со помош на електромотор развиен од страна на формула 1 тимот на Williams.
Се уште нема информации за тоа кога ќе се појави моделот Verkai на пазарот, додека Lagonda се очекува во 2021 година.