Свечени тоалети, гламур, на отворањето на 45 Мајски оперски вечери

од Vladimir Zorba
179 прегледи

 

Со шушкањето на вечерните тоалети , дотераната  публика и интересната  режисерска постановка на „Травијата „ од Џузепе Верди на сцената на МОБ вчеравечер беа отворени  45тите по ред   Мајски оперски вечери. Пред отворањето беше традиционално запален фестивалскиот оган кој оваа година го запали тенорот – првенец на МОБ, Ѓорѓи Цуцковски.

Особено интересна и привлечна за публиката во Моб беше модерната постановка на „Травијата„ на германската режисерка Верена Штојбер.

На сцената на МОБ за прв пат имаше вокалистки со голи гради, а сцените беа набиени со еротика.Ваквото поинакво видување на Травијата беше новина и освежување на сцената на МОБ.

„Травијата „ од Џузепе Верди и е пишувана по мотивите од романот „Дамата со камелии„од Александар Дима помладиот, а по романот е снимен и филмот „Дамата со камелии„ со Сара Бернар во главната улога.

Овој роман му послужил на Верди како литературна предлошка , а младата париска куртизана Марија Дуплесова кај Верди се вика Виолета Валери а нејзината улога ја толкува драмскиот сопран Ана Дурловски, која покрај извонредните гласовни можности покажа исклучителна сценичност и егзалтирани  емоции. Режисерката Верена Штојбер за „Травијата „ ќе каже:

-„За мене најважното нешто во  операта , генерално , е да видите реални карактери и вистински емоции на сцената, не само површна сценска игра и пеење. Она што мене особено ме интересира е да ги слушнам приказните што луѓето имаат да ги раскажат. За мене, Верди е еден од најголемите раскажувачи на сите времиња. На сцената Верди не донесува кралеви и кралици или херои, што било пракса на оперските композитори на времето. Напротив, на сцената тој донесува „нормални „ луѓе. Но и повеќе од тоа –дозволува главниот карактер во операта да биде една жена со низок морал , љубовница.Ја гледаме Виолета и нејзините пријателки , љубовници на најбогатите мажи во општеството како се забавуваат. Овие мажи кои дома имаат сопруги и деца , можат да си дозволат слободното време да го поминуваат со млади и убави жени а за возврат им обезбедуваат станови и им купуваат автомобили. Тоа го има и денес- вели режисерката Верена Штојбер.

Алфредо ги прекршува нормите на лицемерното патријархално општество во кои е нормално мажите да имаат љубовници, и се вљубува во младата куртизана Виолета Валери. Во улогата на Алфред Жермон се најде младиот Дарко Нешовски-тенор , а најлицемерниот од сите ликови кој им застанува на пат на младите љубовници е Жорж Жермон ,таткото на Алфред , кој поради својата репутација и чест ги уништува животите на овие двајца млади. На крајот на „Травијата„, Виолета одвоена од својот сакан ,умира од љубов.Во улогата на Жорж Жермон беше нашиот најпрочуен баритон Борис Трајанов ,и кој беше маестрален во изведбата.На сцената  се најдоа  сцената и Марјан Јовановски  , Николина Јаневска, Александра Лазаровска Василевска, Владимир Саздовски, Драган Ампов, Дамјан Поповски, Борко Биџовски , Игор Гиновски, Ернес Ибраимовски.Сценографијата и костимографијата беа на германката Софија Шнајдер.