Свечља објави ВИДЕО: Потпретседателот на Српската листа со напаѓачите кај манастирот во Бањска

од Vladimir Zorba
777 прегледи

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свечља на Фејсбук објави видео од надзорна камера, на која се гледа група напаѓачи во дом пред ѕидините на манастирот Бањска, меѓу кои, според Свечља, е и потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ.

„Радоичиќ беше водач на оваа терористичка група и нападот во кој беше убиен полицаецот Африм Буњаку. Ова е уште еден доказ за неговата терористичка активност (…) Потпретседателот на Српската листа е водач на терористичкиот напад и групата терористи“, напиша косовскиот министер на Фејсбук.

Тој го обвини претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека стои зад, како што ја нарече, терористичката акција против правниот и уставниот поредок на Косово преку Српската листа и Радоичиќ.

„Значи Српската листа своето учество во Косово го гледа само на терористички начин. Не успеаја“, додаде Свечља.

Слични содржини