Сведок на „Рекет“: Јовановски побара два милиони евра за да нема истрага за „Поштенска банка“

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Адвокатот Сашко Бошков на денешното рочиште на „Рекет“ изјави дека првообвинетиот, Бојан Јовановски на состанок му побарал два милиони евра за да нема истрага за предметот „Поштенска банка“ на СЈО, во кој е обинет бизнисменот Зоран Митровски.

Адвокатот Бошков и Јовановски имале средби на кои првично требало да разговараат за медиумска помош околу кошаркарската федерација на Македонија. Јовановски го прашал сведокот дали го познава Зоран Митровски.

Според сознанието на сведокот Бошков, не било исплатено ниту денар на Боки 13 од страна на Митровски. Адвокатот вели дека не пријавил никаде за оваа понуда. Воедно Митровски не пријавил веднаш за настанот, туку подоцна, и тоа не било во МВР.

Судењето за „Рекет“ продолжува по две недели пауза. Во случајот „Рекет“ обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски. Предметот го води судијката Васка Николовска-Масевска.

Боки 13, за разлика од претходните рочишта, при влез во судница влезе со насмевка и ги поздрави присутните.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини