Сведок во „Титаник”: Не сум запознаена дека ме има во списокот како донатор на ВМРО ДПМНЕ

од Берта Китинска
591 прегледи

Како втор сведок во предметот “Титаник”  денеска сведочеше Наталија Галева вработена во СВР Струмица.

На прашањето од обвинителктата Стефанова дали некогаш уплатила донација на некоја политичка партија, Наталија Галева одговори негативно.

“За уплатена донација дознав на распит во СЈО кога ми беше покажана уплатница со мое име и презиме”, сведочеше Наталија Галева.

Таа потенцираше и дека никогаш на никој не му дала 60 илјади денари да уплати во нејзино име како донација за партијата ВМРО ДПМНЕ.

“Не сум запознаена дека ме има во списокот како донатор на ВМРО ДПМНЕ”, сведочеше Галева. И двајцата сведоци кои сведочеа до сега за предметот, се наоѓаат на списокот од партиската сметка за избори.

Стојанчо Арсов е третиот сведок кој потврди дека до сега нема уплатено пари како донација, а потврди и дека на никој му нема дадено пари да уплати како донација во негово лично име како донатор на партијта ВМРО ДПМНЕ.

Обвинителката Лиле Стефанова го праша сведокот дали бил повикан во партијата за да пополни уплатница. “Бев повикан во партијата на ВМРО ДПМНЕ од Бети Кузмановска да пополнам уплатница со лични подтоци. Ми беше кажано дека ќе бида.

“Секое потпишување на бланко упкатница е ризик, но јас искрено не се сомневав дека тие ќе ги злоупотребат моите податоциви мене”, рече Арсовски

И.Р

Слични содржини